Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски вели дека руските војници им ги корнеле јазиците на цивилите во Буча

Зеленски вели дека руските војници им ги корнеле јазиците на цивилите во Буча

Нема злосторства што Русите не ги извршиле таму, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски за масакрот во Буча. 

Изјави дека руските сили убивале жени кои се обиделе да повикаат помош. Украинскиот претседател кажа дека руските војници ги барале и намерно ги убивале сите што работеле за Украина.

„Убиле цели семејства и се обиделе да ги запалат телата. Им сечеле екстремитети и им ги сечеле вратовите. Од зад грб им пукале в глава, откако ги мачеле со врзани раце“, рече Зеленски. 

Вели дека руските војници на украинските цивили им ги корнеле јазиците. 

„Убивале и силувале жени пред очите на нивните деца. Светот допрва треба да види што направија во другите окупирани области на нашата земја“, додаде Зеленски. 

Ги спореди злосторствата на руската армија со злосторствата на Исламска држава.

„Масакрот во Буча е само еден, за жал, само еден пример за тоа што окупаторите го прават во нашата земја од почетокот на инвазијата. Мариупол, Бородјанка… Таму се извршени злосторства како во Буча“, рече Зеленски.

Повеќе светски лидери остро ги осудија злосторствата во Буча и побараа одговорност. 

Русија ги отфрла овие обвинувања. 

Слично

Поврзани вести