Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски вели дека Русија и целиот свет се изненадени од силниот одговор на Украинците

Зеленски вели дека Русија и целиот свет се изненадени од силниот одговор на Украинците

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски се надева дека неговиот руски колега Владимир Путин ќе почне да преговара. 

Зеленски во интервју за „Vice“ изјави дека мисли оти рускиот претседател Владимир Путин ќе престане со неговото непријателско однесување и дека конечно ќе има вистински преговори.

Зеленски вели дека руските сили напредуваат побавно низ Украина и дека Русија и целиот свет се изненадени од силниот одговор на Украинците. 

„Како да ја запреме оваа војна? Само преку дијалог. И само преку дијалог со претседателот на Русија. Русија се бори со нас, таа влезе во нашите куќи, кај нашите деца... Ние не ги поканивме“, вели Зеленски. 

Пентагон проценил дека Русите изгубиле четири илјади војници.  Веќе 14 дена има војна во Украина. 

Слично

Поврзани вести