Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски вели дека ако не им пратат авиони, следна цел ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија

Зеленски вели дека ако не им пратат авиони, следна цел ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија

Испратете ни воени авиони бидејќи следна цел на напад ќе бидат балтичките земји, вели украинскиот претседател Влодомир Зеленски. 

Тој бара западните сили да пратата авиони, и вели дека ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија. 

„Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш испратете воени авиони, бидејќи ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија“, рекол Зеленски.

Тој го повика Путин на разговор со него, но не на оддалеченост од 30 метри како со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Инаку, Макрон се слушнал со Путин и вели дека за Украина допрва доаѓа најтешкото. 

Тој разговараше со рускиот колега, Владимир Путин кој му рекол дека продолжува со офанзивата за да ја заземе целата земја под контрола. 

Пред осум дена, Русија започна со инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести