Зеленски уверува дека ќе ги победат Русите во Херсон
Украинските власти се убедени дека ќе ги победат Русите во Херсон.
Претседателот Володимир Зеленски изјави за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дека „секако“ ќе можат да ги победат Русите во јужниот регион Херсон. Тој рече дека за Русија „не е важно колку луѓе ќе бидат мртви утре“, но за нив е важно.
Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата информираше дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на луѓето.
Вели дека Русија лансираше повеќе од 8.000 воздушни напади и испука 4.500 проектили на Украина од почетокот на инвазијата пред осум месеци.
фото Твитер
Слично
