Зеленски упати порака до Германија, има барање
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека политичарите се под притисок да ја направат Украина дел од ЕУ.
Тој се обрати на социјалните мрежи.
„Ја гледате нашата желба да бидеме со Европа. Нашиот стремеж за кој се бориме на бојното поле. Според мене, накратко, притисокот е врз политичарите. Дека Украина конечно станува дел од ЕУ. Германци, вие имате моќ!“, изјави Зеленски.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот. Во Украина од 24 февруари има војна.
Слично
