Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ: Украинската армија контролира 74 локалитети во областа Курск

ЗЕЛЕНСКИ: Украинската армија контролира 74 локалитети во областа Курск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинската армија контролира 74 локалитети во областа Курск во Русија. 

Меѓутоа, Украина пред една недела ненадејно ги нападна пограничните области на Русија со својата војска, па десетици илјади цивили мораа да побегнат. Киев вчера за прв пат призна дека неговите војници се во Русија и дека држат околу 1.000 квадратни километри.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави денеска во разговор со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да го скрши отпорот на Украина и дека сега е принуден да се повлече на територијата на Русија.

Украина го објави условот за крај на офанзивата во Курск.

„Украина не е заинтересирана за заземање територии во Русија“, објави нејзиното Министерство за надворешни работи. 

Портпаролот на Министерството, Георги Тихи, ја опиша украинската инвазија на регионот Курск како апсолутно легитимна.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести