Зеленски: Украина воведува нови правила за преминување на границата за мажи од 18 до 22 години
Украина воведува нови правила за преминување на границата за мажи од 18 до 22 години.
„Тие се договорени со воената команда, а соодветните можности треба да стапат во сила во блиска иднина“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со премиерката Јулија Свириденко.
Како што изјави, со Свириденко разговарал за соработката со Норвешка во подготовката за грејната сезона и продолжувањето на грантовската помош за купување природен гас.
„Ќе има повеќе можности за надомест за загуба на имот на привремено окупирани територии. Премиерот ќе ги презентира сите детали“, рече Зеленски.Зеленски најави проширување на програмата „eRecovery“.
Веќе три и пол години Украина е во војна со Русија.
фото принтскрин
Слично
