Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски удира во слабата точка на Путин и тоа може да ја однесе Русија во пораз?

Зеленски удира во слабата точка на Путин и тоа може да ја однесе Русија во пораз?

Рускиот претседател Владимир Путин може да биде сменет од власт поради Крим, пишуваат странски медиуми. 

Ако на Путин му се случи поради во Украина, тој така ќе ја заврши својата политичка кариера. Последните неколку месеци, украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека сака Крим повторно да биде признаен како украинска територија. Западните медиумите не ја исклучуваат можноста дека до тоа може да дојде. Ако Путин го изгуби Крим кој го анектираше во 2014 година, тоа ќе биде голем пораз за него и за неговата кариера. Американскиот професор Мајкл Кимиџ вели дека губењето ќе создаде впечаток дека Путин не е во состојба да управува со земјата. Шон Спонтс, ветеран од американската морнарица вели дека ако Украина го врати Крим, судбината на Путин ќе биде дури и полоша. Смета дека ако тоа се случи, олигарсите ќе вршат притисок тој да даде оставка, па дури споменува дека е можно и убиство. 

Официјалните лица од Кремљ велат дека ќе преговараат со Украина, само ако земјата прифати дека четирите региони сега припаѓаат на Русија. 

Рускиот опозициски политичар во егзил Илја Пономарев верува дека Путин лошо ќе заврши, односно дека нема да го дочека следниот роденден. 

Во Украина, има воздушни напади во повеќе градови. Во Днипро има цивилни жртви и деца под урнатини откако руски проектил погоди зграда. 

Слично

Поврзани вести