Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски тврди дека во среда Русија ќе изврши инвазија на Украина

Зеленски тврди дека во среда Русија ќе изврши инвазија на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во обраќањето пред Украинците на својот Фејсбук профил изјави дека среда може да биде денот на руската инвазија, а тој ден ќе го прогласи како ден на украинско национално единство, јави Ројтерс.

Зеленски не кажа кој го предложил датумот на 16 февруари. Сепак, неколку американски новински организации минатата недела објавија дека Вашингтон верува дека тоа е датумот кога руските сили ќе бидат подготвени ако Путин даде наредба за инвазија.

 „Тие се обидуваат да не исплашат со уште едно именување датум за почеток на воената акција“, рече тој. 

Зеленски ги повика државните претставници, политичарите и бизнисмените кои неодамна ја напуштија државата да се вратат во Украина во рок од 24 часа и да покажат единство со нацијата поради стравувањата од руска инвазија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш одвоено разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Тој вели дека постои голема загриженост. 

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан предупреди  дека „сите елементи“ се во прилог на тоа дека Русија може да изврши „голема офанзива“ против Украина, откако Москва распореди илјадници војници на нејзините граници.

Слично

Поврзани вести