Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски тврди дека украинската армија напредува кон Херсон

Зеленски тврди дека украинската армија напредува кон Херсон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека украинските сили постепено напредуваат кон регионот Херсон. 

„Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но колку тоа им помогна? Украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област“, ​​рече Зеленски, пренесуваат британските медиуми.

Руската армија на почетокот на март ја окупираше областа Херсон, со напад што го почна од анектираниот Крим. Украина инсистира да ги врати териториите, а Русија најави дека затоа што Украина добива оружје од западните земји, тие ќе целат не само на Донбас, туку и на заземање на повеќе територии. 

Слично

Поврзани вести