Зеленски тврди дека Украина се движи кон победа
Украинскиот претседател Влодомир Зеленски тврди дека Украина се движи кон победа.
Тој додава дека веќе 16 дена се борат, и дека издржале четири пати повеќе одошто очекувал нивниот непријател. Зеленски вели дека Украина достигна стратешка пресвртница.
„Ова е четири пати подолго отколку што непријателот планираше за неговата инвазија. Четири пати подолго. Против армијата која важеше за една од најсилните во светот. Која се надеваше дека Украинците ќе се предадат“, додаде Зеленски.
Зеленски денеска изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија да се борат во Украина. Претходно Москва објави дека на борците од оваа земја разурната од војна ќе им биде дозволено да им се придружат на нејзините сили. „Тоа е војна со многу тврдоглав непријател кој реши да ангажира платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија, земја во која сè е уништено, како што ни прават овде“, рече тој во видео изјава.
