Зеленски тврди дека убиле 10.000 руски војници и дека Путин на фронт праќа момчиња од 18 или 20 години
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за 10 дена војна загинале 10.000 руски војници. Зеленски објасни дека се работи за момчиња на возраст од 18 или 20 години на кои не им било ни објаснето за што се борат.
„На окупаторот му нанесуваме загуби, кои тој не можеше да ги види ниту во најлошиот кошмар“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател изјави дека имаат контрола над клучните украински градови.
Во нивни раце се клучните градови во централниот и југоисточниот дел на Украина додека Русите се обидуваат да ги блокираат и задржат опколените Харков, Николаев, Чернихив и Суми.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русите во Донбас не се кучиња скитници и дека секоја година биле убивани по 13.000 до 14.000 луѓе.Тој вели дека постојат многу различни опции за демилитаризација на Украина. Путин рече дека се обиделе да го решат конфликтот во Украина на мирен начин.
Слично
