Зеленски тврди дека Русија има претензии до Варшава и Софија
Територијалните амбиции на Русија се протегаат од Варшава до Софија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој денеска ја повика Европската унија(ЕУ) да ги заостри санкциите кон Русија и предупреди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата врз неговата земја.
„Русија не е заинтересирана само за нашите градови Мариупол, Северодоњецк, Харков и Киев. Не, нејзините амбиции се фокусирани на огромна област, од Варшава до Софија“, рече украинскиот претседател.
Тој повика ЕУ да го отвори патот за членство за неговата земја.
Украинската армија претрпува големи загуби во борбите против руските војници во источниот град Северодонецк и во регионот Харков и има потреба од противракетно оружје. Русија ја почна војната на 24 февруари.
