ЗЕЛЕНСКИ ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА ГО УПОТРЕБИЛА „ЗАБРАНЕТОТО ОРУЖЈЕ“: Ова е нова фаза на терор-Западот веднаш реагираше!
Русија употребила хемиско оружје, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овие наводи сѐ уште не се официјално потврдени.
Украина во понеделникот вечерта објави дека руската армија употребила хемиско оружје во нападот, но тоа засега неофицијално не е потврдено, јавуваат медиумите. Во своето вечерно обраќање до народот на Украина, претседателот Володимир Зеленски предупреди на ваков тип на напади на територијата на Мариупол.
„Денеска окупаторите објавија ново соопштение во кое ја најавуваат следната фаза на теророт над нашата земја. Еден од нив рече дека може да употребат хемиско оружје против бранителите на Мариупол. Ние го разбираме тоа на најсериозен можен начин“, рече Зеленски.
Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, на Телеграм напиша дека информацијата за хемискиот напад не е потврдена и дека оваа приказна подоцна ќе се разјасни.
„Едно од сценаријата е можноста окупаторите да испуштиле опасна супстанца за да ја тестираат реакцијата, но се чека официјална потврда од армијата“, напиша тој.
Пентагон е „свесен за ситуацијата“ и внимателно ја следи, изјави прес-секретарот Џон Кирби.
„Доколку овие тврдења се вистинити, тие се длабоко вознемирувачки и ја одразуваат загриженоста што ја имавме претходно за потенцијалот на Русија да користи разни супстанции за масовна контрола, вклучително и солзавец измешан со хемикалии“, рече Кирби.
Британскиот министер за надворешни работи Лиз Трас напиша на Твитер дека Велика Британија „итно се обидува да ги истражи овие наводи“.
„Наводите за употреба на хемиски агенси од страна на руската војска стигнаа до нас. Итно работиме со партнерите за да се утврдат детали. Секоја употреба на такво оружје би била брутална ескалација на овој конфликт, а ние ќе бараме одговорност од Владимир Путин и неговиот режим“, напиша таа.
