ЗЕЛЕНСКИ: Ти благодарам Америка, ти благодарам Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски oткако си замина од Белата куќа, на социјалните мрежи се заблагодари на САД.
„Ви благодариме Америка, ви благодарам за поддршката, ви благодарам за оваа посета. Му благодариме на претседателот на Соединетите држави, Конгресот и американскиот народ“, напиша тој.
Сепак вели дека Украина има потреба од праведен мир.
Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа по жестоката расправија со американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот за минералите не го потпишаа. Трамп рече дека Зеленски е неблагодарен.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио кој беше во Овалната соба при посетата на украинскиот лидер Зеленски, се огласи на социјалните мрежи X за да му се заблагодари на Трамп што „застанал во одбрана на Америка на начин на кој ниту еден друг претседател досега немал храброст да го стори“.
Руската инвазија на Украина почна пред три години.
