Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Терористи како Путин и Хамас мора да бидат поразени, тие нема да се променат

Зеленски: Терористи како Путин и Хамас мора да бидат поразени, тие нема да се променат

Терористи како Путин и Хамас мора да бидат поразени, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Рече дека терористите како рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот Хамас се обидуваат да ги држат во заложништво слободните и демократски нации и затоа мора да бидат поразени. 

„Терористите нема да се променат. Мора да изгубат. А тоа значи дека треба да победиме. И ние ќе победиме“, рече претседателот Зеленски. 

Зеленски потсети на руските терористички напади од минатата зима врз енергетската инфраструктура на Украина.

Вели дека „очигледно е дека Русија ќе се обиде да ја повтори оваа тактика оваа зима, но со извлекување одредени заклучоци и зголемување на терористичките напори“.

Тој посочи дека за да се победи тероризмот е потребно трпение и постојана поддршка.

„И сега на сите ни треба такво засилување, чекор напред во нашата одбрана, противвоздушна одбрана. За Украина ова ќе биде победа на животот и е од витално значење. За Русија тоа ќе биде неуспех на нејзината клучна стратегија, стратегијата на теророт“, изјави Зеленски. 

Русија се нуди да посредува во израелско - палестинскиот конфликт. Во саботата Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести