Зеленски со уште една молба до европските лидери
Украинската власт бара оружје од европските земји.
Украина треба да победи за да спречи руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој од европските лидери побара уште оружје, пренесоа француските медиуми.
„Оваа војна мора да се добие сега за руската флота да не може да ги блокира останатите пристаништа во Црното Море, Медитеранот или кое било друго море. За да не можат руските тенкови да напредуваат кон Варшава или Прага“, нагласи украинскиот лидер.
САД најави нова воена помош за Украина. Повеќе од 200 дена руските и украинските сили војуваа во Украина. Русија пред неколку дена анектираше четири украински региони, но Украина ги враќа окупираните територии.
Слично
