Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ДО РУСИТЕ ОТКАКО ПОГОДИЈА БРАНА ВО НЕГОВИОТ РОДЕН ГРАД: Вие сте слабаци кои водат војна против цивилите

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ДО РУСИТЕ ОТКАКО ПОГОДИЈА БРАНА ВО НЕГОВИОТ РОДЕН ГРАД: Вие сте слабаци кои водат војна против цивилите

Руски ракети ја погодија браната во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Криви Рих и тој е поплавен. 

Браната ја погодиле осум крстосувачки ракети, нивото на водата во градот е зголемено за 2,5 метри. 

Украинскиот претседател рече дека „се прави сѐ за да се отстранат последиците од уште еден гнасен руски чин“. Ова се однесува за браната во Криви Рих, на реката Инхулетс, 150 километри југозападно од Днипро. Таму имаше повик до цивилите да се евакуираат. 

„Вие сте слабаци кои водат војна против цивилите. Никаквеци кои побегнале од бојното поле и се обидуваат да направат штета од некаде далеку“, им порача Зеленски на руски јазик. 

Градот пред војната имаше 650.000 жители. 

Слично

Поврзани вести