Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум

Зеленски: Сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум

Сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум во Украина, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Коментарот Зеленски го даде за време на интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне. 

„Украина не може да прифати никакви руски ултиматуми за запирање на војната“, изјави Зеленски во интервју за украинската радио телевизија.

Вели дека Москва, на пример, сакаше градовите Харков, Мариупол и Киев да се предадат. 

„Но, ниту жителите на Харков, ниту оние на Мариупол, ниту оние на Киев, ниту јас како претседател, не можеме да го сториме тоа“, нагласи тој.

Зеленски во вторник ќе се обрати пред италијанскиот парламент преку видео врска, а во среда пред францускиот парламент.

Напади имаше во Одеса, Киев, Запорожје. 

Руските сили погодија автобус со цивили.  

Гувернерот на украинската област Запорожје, Олександр Старух денеска изјави дека во одвоени инциденти повредени се четири деца.

Слично

Поврзани вести