Зеленски сепак можел да ја избегне војната?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата за мир неколку дена пред руската офанзива.
Германскиот канцелар Олаф Шолц му понудил на Зеленски шанса за мир само неколку дена пред започнувањето на руската воена офанзива, но украинскиот претседател ја одбил, објави „Волстрит журнал“.
Медиумот објави дека Шолц направил „последен притисок за спогодба меѓу Москва и Киев“.
Канцеларот му кажал на Зеленски во Минхен на 19 февруари „дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот европски безбедносен договор меѓу Западот и Русија“.
Весникот пишува дека „договорот ќе биде потпишан од Путин и од Бајден, кои заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина“.
Сепак, Зеленски ја отфрлил понудата да направи отстапка и да избегне конфронтација, велејќи дека „не може да му се верува на Путин дека ќе го поддржи таквиот договор и дека повеќето Украинци сакаат да се приклучат на НАТО“, пишува „Волстрит журнал“, без да го открие својот извори за информации.
Шолц и Зеленски навистина се сретнаа тој ден на маргините на Минхенската безбедносна конференција, на која секој имаше свое обраќање.
Денеска е 39-от ден од руската инвазија на Украина.
