Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Сега немам време да се занимавам со предавници, но тие ќе бидат казнети

Зеленски: Сега немам време да се занимавам со предавници, но тие ќе бидат казнети

Двајца членови на безбедносната служба на Украина се сменети. 

Нив ги смени претседателот Володимир Зеленски и тие се обвинети за предавство. Зеленски соопшти дека тие се шеф на внатрешната безбедност и шеф на безбедносниот огранок во регионот Херсон, пренесува „Ројтерс“.

„Сега немам време да се занимавам со предавници, но тие ќе бидат казнети со време. Ни претстојат уште битки. Ќе треба да тргнеме по многу тежок пат, да добиеме се што сакаме. Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка“, вели Зеленски.

Тoj изјави дека ситуацијата на југот од земјата и во регионот на Донбас е многу тешкa. На 24 февруари, Русија ја нападна Украина и оттогаш имаше неколку рунди преговори. Но, договор за прекин на војната нема. И претходно имаше информации дека одредени лица од Украина соработуваат со руската страна. 

Слично

Поврзани вести