Зеленски: Сè уште можеме да го запреме убивањето луѓе, затоа што во спротивно ќе дојдат кај вас
Русија ќе таргетира и други европски земји, вели украинскиот претседател Влодомир Зеленски.
Тој во обраќањето до западните лидери претпладнево повика на поголема поддршка.
„Сè уште можеме да ја запреме руската воена машинерија, сè уште можеме да го запреме убивањето луѓе, затоа што во спротивно ќе дојдат кај вас“, рече Зеленски.
Тој вели дека ако помогнат на неговата земја, ќе си помогнат себеси.
Пред дваесет дена Русија ја почна инвазијата на Украина. Зеленски денеска во Киев треба да се сретне со премиерите на Полска, Чешка и Словенија. Досега загинаа стотина деца во Украина.
Слично
