Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски се обрати до нацијата: Ние, се разбира, сме направени од челик, но дури и најсилниот метал на крајот може да попушти

Зеленски се обрати до нацијата: Ние, се разбира, сме направени од челик, но дури и најсилниот метал на крајот може да попушти

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на Украинците со видеопорака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната.

Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави(САД) и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели.

„Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе мора да направи исклучително тежок избор: или да го изгуби достоинството или да ризикува да изгуби клучен партнер. Или тежок план од 28 точки или исклучително сурова зима, најсуровата, и дополнителни ризици што претстојат. Живот без слобода, достоинство и правда и принуда да му верува на некој што веќе нè нападна двапати. Тие ќе чекаат наш одговор“, рече Зеленски.

Вели дека ќе нуди аргументи за поповолно решение. Кажа дека следната недела ќе биде најтешка. 

„Ние, се разбира, сме направени од челик, но дури и најсилниот метал на крајот може да попушти“, рече Зеленски.

Кремљ соопшти дека Русија сè уште не добила ништо официјално од Соединетите Држави за мировниот план на САД за Украина од 28 точки, но е подготвена да преговара.

Вашингтон му го презентираше на Киев планот, за кој украинските претставници велат дека го проучуваат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва и Вашингтон сè уште не ги дискутираат предлозите детално, но дека има контакти.

foto printskin

Слично

Поврзани вести