ЗЕЛЕНСКИ СЕ НАЛУТИ: „Зошто Лавров присуствува во ОН?“
Претседателот на Украина ги праша ОН зошто на рускиот министер за надворешни работи му беше дозволено да присуствува на самитот во Њујорк и покрај инвазијата на Украина.
Володимир Зеленски при посетата на болницата во Њујорк, каде што се лекуваат украинските војници, рече дека светските претставници треба да сносат одговорност за таа одлука.
„За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и пораки, рече Зеленски.
Украинскиот претседател подоцна денеска ќе им се обрати на светските претставници на Генералното собрание на ОН, а утре на седницата на Советот за безбедност на ОН ќе зборува за војната во Украина.
Се очекува на таа седница свои забелешки да има Сергеј Лавров. Исто така, тоа ќе биде првпат од почетокот на руската инвазија на Украина Лавров и Зеленски да се сретнат „лице в лице“.
Кога Зеленски беше прашан дали ќе остане во просторијата за време на говорот на Лавров, тој рече: „Не знам како ќе биде, навистина“.
