Зеленски: Руската држава не е спремна да ја сопре војната
Русите сонуваат да ја заземат Украина и други европски земји, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj се обрати и во Данска со свој говор.
Претседателот рече дека никој не може да знае до кога ќе трае оваа војна.
„Руската држава не е спремна да ја сопре војната. Тие сонуваат да ја заземат Украина, но и други европски земји. Тие сè уште сонуваат дека ќе исчезне слободата од Европа. Но, нивните соништа нема да се остварат. Сонот за мир ќе се оствари. Како што се случи пред 77 години“, кажа Зеленски.
Украинскиот претседател, чие обраќање беше емитувано на плоштадите во Данска, додаде дека ова што се случува во Украина ќе има важни последици за остатокот на Европа. Тој ги повика луѓето да се сетат на 220 украински деца убиени во војната и дека Европа е способна да стави крај. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Засега нема договор за прекин на војната.
