Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Русија таргетирала погони кои се во поправка и неколку техничари се убиени

Зеленски: Русија таргетирала погони кои се во поправка и неколку техничари се убиени

Снабдувањето со електрична енергија во Украина се обновува, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сепак,  во некои градови и региони има ограничувања. 

Сепак итен прекин на струја може да биде сè уште неопходен, објави Ројтерс.

Во последниве недели, Русија ги насочи своите напади со беспилотни летала и ракети врз енергетските капацитети низ целата земја, уништувајќи повеќе од 30 отсто од производствените капацитети.

Зеленски ја обвини Русија дека таргетирала погони кои се во поправка и рече дека неколку техничари се убиени. 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко побара од Западот да испрати ќебиња и генератори во Украина за да ја преживее зимата. Кличко изјави дека неговата земја е очајна поради бројните напади на електрани.

Слично

Поврзани вести