Зеленски: Русија се залага за концентрациони логори, депортација на деца, силување жени
Оваа недела видовме добар правец на „придвижување кон НАТО“, преку нова воена помош од Запад и други изрази на меѓународна поддршка, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски се осврна на предлогот на Литванија да ја покани Украина да стане членка на НАТО на самитот на воената алијанса што ќе се одржи во Вилнус во јули, а потоа ѝ се заблагодари на таа држава. Парламентот на Литванија одлучи оваа недела да побара Украина да биде поканета да се приклучи на Алијансата на самитот закажан за 11 и 12 јули. Зеленски вели дека Русија се залага за концентрациони логори, депортација на деца, силување жени и палење градови.
Желбата на Украина да се приклучи на НАТО, Кремљ честопати ја наведува како една од причините за руската инвазија. Русија лани на 24 февруари ја почна војната во Украина.
