Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Русија нема толку проектили колку што сака да живее нашиот народ

Зеленски: Русија нема толку проектили колку што сака да живее нашиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека никому нема да го дадат југот. 

Рече дека ќе го вратат она што е нивно, а морето ќе биде украинско и пак ќе биде безбедно. Но, призна дека загубите се големи, и уништени се многу куќи. 

„Русија нема толку проектили колку што сака да живее нашиот народ“, рече Зеленски. 

НАТО предупреди дека војната може да трае со години. 

Ивана Климпуш-Цинкадзе, украинска пратеничка за „Скај њуз“ порача дека состојбата во источна Украина е лоша и дека нејзината земја почна да губи територии.

Во Украина пристигнаа илјадници американски ракети. 

Слично

Поврзани вести