Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Русија да ни врати 2.500 заробеници

Зеленски: Русија да ни врати 2.500 заробеници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска откри дека Русија држи околу 2.500 украински воени заробеници и побара нивно безбедно враќање.

Ова еединствениот резултат кој е прифатлив за Зеленски, порача денеска украинскиот претседател во однос на војниците кои ја бранеа фабриката за челик „Азовстал“ кај Мариупол, а сега се во рацете на руските сили.

Тој ѝ верува на управата за разузнавање при Министерството за одбрана во рпоценкоите дека постојат 2.500 заробеници и додаде дека само нивното враќање дома е единственото нешто што тој би прифатил.

На брифингот Зеленски зборуваше и за ситуацијата во Северодонецк и Лисичанск, кои се регионите каде се водат најинтензивните битки во моментов. Овие градови, тој ги оцени како мртви, но вели дека сепак украинските сили се обидуваат да издржат.


Слично

Поврзани вести