Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ПРИСТИГНА ВО БЕЛАТА КУЌА: Прво ќе разговара со Трамп на само, а потоа заедно со европските лидери

ЗЕЛЕНСКИ ПРИСТИГНА ВО БЕЛАТА КУЌА: Прво ќе разговара со Трамп на само, а потоа заедно со европските лидери

Пречекан од претседателот на САД, Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа, каде заедно со европските лидери ќе разговараат за она што било кажано на средбата на Трамп со претседателот на Русија, Владимир Путин.

На влезот, Трамп доби прашање: „Претседателе Трамп, која е вашата порака кон луѓето во Украина? Русија продолжува да убива цивили“. Одговор не даде.

Пред него, во Белата куќа пристигнаа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, британскиот премиер Кир Стамер, италијанската прмиерка Џорџа Мелони, како и финскиот претседател Александер Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

На Самитот на Алјаска не беше договорен мир во Украина, сепак беа догворени неколку „крупни работи“, за кои американскиот претседател рече дека ќе му ги пренесе на Зеленски и на европските лидери.

Слично

Поврзани вести