Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски повторно побара од Трамп противвоздушни системи „Патриот“

Зеленски повторно побара од Трамп противвоздушни системи „Патриот“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од американскиот претседател Доналд Трамп, САД да испратат противвоздушни системи „Патриот“.

Барањето на Зеленски следува по синоќешните руски напади врз пет украински града, при што загинаа најмалку 14 луѓе, десетици се повредени, а голем број се заробени под урнатините.

Според украинското военовоздухопловство, Русија синоќа врз Украина лансирала 73 проектили, од кои осум хиперсонични проектили „Циркон“, како и 656 дрона. Главни цели на нападите беа Киев, Днепар, Запорожје, Полтава и Харков.

Зеленски и минатата недела од Трамп побара системи „Патриот“ и пресретнувачки ракети истакнувајќи оти балистичките ракети се „главната предност на Москва на бојното поле“.

„Патриот“ се единственото средство со кое Украина може да собори руски балистички ракети. Украина купува „Патриот“ преку иницијативата на НАТО за приоритетни потреби на Украина (ПУРЛ), што е финансирана од европските сојузници. 

Слично

Поврзани вести