ЗЕЛЕНСКИ ПОТВРДИ: Украинската и американската делегација пак ќе се сретнат
Украина и САД ќе продолжат со разговори за крај на војната.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски рече дека украинската и американската делегација ја продолжија работата и треба да се сретнат следната недела.
„Украина не само што е подготвена да ги преземе неопходните чекори за мир, туку и ние предлагаме кои се тие чекори“, изјави Зеленски од Брисел.
Дописникот на „Фокс њуз“ од Белата куќа Џеки Хајнрих напиша на X дека разговорите се закажани за 11 март и ќе го вклучи Андриј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
Европските лидери кажаа дека остануваат со Украина и ќе трошат повеќе за одбраната.Норвешка ќе ја зголеми својата помош за Украина за 50 милијарди норвешки круни (4,2 милијарди евра) во 2025 година за да достигне 85 милијарди круни помош (7,2 милијарди евра). Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 3 години.
