Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ПОТВРДИ ДЕКА РУСИТЕ ПОЧНАЛЕ КОНТРАОФАНЗИВА ВО КУРСК: Украина го предвидела овој нивни потег

ЗЕЛЕНСКИ ПОТВРДИ ДЕКА РУСИТЕ ПОЧНАЛЕ КОНТРАОФАНЗИВА ВО КУРСК:  Украина го предвидела овој нивни потег

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека руските трупи почнаа контраофанзива во западниот руски регион Курск, каде украинските сили упаднаа на 6 август годинава. 

Зеленски изјави дека Украина ја предвидела контраофанзива, пренесоа украинските медиуми.

„Русите започнаа контраофанзивни акции. Сè се одвива според нашиот украински план“, рече Зеленски на прес-конференцијата со литванскиот претседател Гитанас Наусед, пренесе Укринформ.
Инаку, Русија вчера соопшти дека вратиле под контрола десетина села. 
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести