Зеленски потврди дека имало ракетно гранатирање во регионите Лавов, Суми и Чернихив
Воената состојба во Украина ќе продолжи.
Претседателот Володимир Зеленски, предложи воената состојба во земјата, која истекува на 25 мај, да биде продолжена за 90 дена.
„Русија истрелува проектили со долг дострел врз цивилната и воената инфраструктура на Украина, бидејќи нејзината војска не може да покаже никакви значајни достигнувања на теренот“, изјави Зеленски.
Зеленски рече дека имало ракетно гранатирање во регионите Лавов, Суми и Чернихив, воздушни напади во регионот Луганск и „диверзантски активности“ во пограничните области.
Зеленски во неколку наврати побара од ЕУ и од светот да бидат посериозни со санкциите кон Русија, да се воведе ембарго на руските енергенси за државите да не ја носат на нивните „раце“ крвта на загинатите украински војници.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
