Зеленски потпиша закон за присилно одземање на имоти на Руси во Украина
Со закон ќе им се одзема имотот на Русите во Украина.
Претседател на Украина, Володимир Зеленски потпиша закон за „присилно одземање“ на имоти во сопственост на Русија и нејзините жители во Украина. Спроведувањето на овој закон ќе го води Комитетот за економски развој. Во документот стои дека „присилното одземање“ на имотот се врши без никаков надоместок за неговата вредност.
„Зеленски го потпиша законот усвоен од Врховната Рада на Украина – За основните принципи на присилно одземање во Украина на имоти на Руската Федерација и нејзините жители“, се вели во соопштението објавени на веб-страницата на украинскиот парламент.
Во земјата секој ден гинат цивили, откако на 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина. Вчера руските сили бомбрадираа болница во Мариупол.
Слично
