Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски порача дека злото нема да ја уништи Украина

Зеленски порача дека злото нема да ја уништи Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по повод Велигден се обрати до нацијата и порача дека злото нема да ја уништи Украина. 

Зеленски се обрати преку видео снимено во катедралата Аја Софија во Киев и рече дека земјата ќе го надмине мракот во кој ја вовлекла војната.

„Сè уште веруваме во победата на Украина и убедени сме дека злото нема да не уништи. Ќе ги надминеме мрачните времиња и денеска, јас како и многу други, не носам светла облека, но се борам за просветителска идеја“, рече Зеленски.

Советникот на украинскиот претседател Михаjло Подољак изјави дека руските сили и денес на Велигден континуирано ја напаѓаат опколената фабрика за челик Азовстал во градот Мариупол.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа присуствуваше на велигденската литургија во Соборниот храм Христос Спасител во Москва.

Во руската инвазија во Украина досега загинаа 213 деца. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести