Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ПОРАЧА ДЕКА НЕМА ДА ВРАТАТ НИТУ 10 ЦЕНТИ: Ако не добиеме гаранции, нема да имаме примирје, ништо нема да успее

ЗЕЛЕНСКИ ПОРАЧА ДЕКА НЕМА ДА ВРАТАТ НИТУ 10 ЦЕНТИ:  Ако не добиеме гаранции, нема да имаме примирје, ништо нема да успее

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се надева дека првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави(САД) ќе доведе до нови договори, но потврди дека сè уште не се постигнати безбедносни гаранции, пренесуваат медиумите во регионот.

Договорот го окарактеризира само како „рамковен договор“. Зеленски спомна заеднички фонд во кој ќе се инвестираат 50 отсто од приходите од природните ресурси на Украина, но додаде дека „сè уште е рано да се зборува за пари“.

„Сакав договорот да содржи клаузула за безбедносни гаранции за Украина и ми е важно таа да е таму“, изјави Зеленски.

Тој ги коментираше и претходните барања на американскиот претседател Доналд Трамп, Украина да ја врати воената помош од милијарди долари.

„Нема да вратиме ни 10 центи“, вели Зеленски. 

Тој и натаму сака Украина да влезе во НАТО. 

„Ако не добиеме гаранции, нема да имаме примирје, ништо нема да успее, ништо“, рече тој. 

Неименуван претставник на Белата куќа денеска изрази сомневање за соодветноста на поканата до украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп, со оглед на неговите коментари дека не е финализиран договорот за ретките минерали.

Трамп вчера изјави дека е информиран оти Зеленски в петок ќе пристигне во Белата куќа и се очекува да го потпише договорот за минералите. Сепак, тој не спомна дека Зеленски е официјално поканет.

Завчера се навршија три години од почетокот на руската инвазија на Украина. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести