Зеленски порача дека ако Русите го нападнат Киев, ќе има силен одговор
Неопходно е да се ослободи Крим и да се извојува победа над руската агресија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Oбјаснува дека мора да се изборат против теророт.
„Ова ќе биде реанимација на светскиот закон и поредок“, рече тој на самитот на Кримската платформа.
Зеленски повторно вети дека Украина ќе ја врати контролата врз Крим.
„Сè почна со Крим и ќе заврши со Крим“, рече Зеленски, според Ројтерс.
Зеленски изјави дека руските сили би можеле да ги интензивираат нападите врз Украина денеска и утре, кога Киев го слави Денот на независноста, предупредувајќи ја Москва на силен одговор од украинските сили. Вели дека украинското разузнавање соработува со странски разузнавачки служби.
Неговите коментари се однесуваат на руската окупација на полуостровот во 2014 година. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
foto EPA