Зеленски: Подготвуваме и список на чекори за деокупација на Крим
Шефот на украинската држава, Володомир Зеленски вели дека Украина подготвува чекори за да го врати Крим.
Зеленски изјави дека Украина подготвува чекори за брза реинтеграција на Крим во нејзиното национално ткиво.
„Во август ќе одржам неколку важни состаноци за подготовка на меѓународни настани, вклучително и Кримската платформа. Подготвуваме и список на чекори за деокупација на Крим. Сеопфатни чекори: безбедносни, економски и социјални. Можеме бргу да го реинтегрираме Крим во државното ткиво на Украина“, рече Зеленски во видеообраќањето, пренесува „Укринформ“.
Зеленски изјави дека Крим, како и остатокот од Украина, ќе биде „ослободен од сето руско зло почнувајќи од руските проектили и завршувајќи со секој руски окупатор“.
„Русија ќе ја загуби оваа војна и ниту еден проектил нема да ја спаси“, вели Зеленски.
Инаку, Украина ослободи половина од територијата која Русија ја окупираше. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
фото Фејсбук / Володимир Зеленски
