ЗЕЛЕНСКИ: ПОДГОТВЕН СУМ ЗА РАЗГОВОРИ СО РУСИЈА - но не во Белорусија
Украинскиот претседател Володомир Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија.
Претходно, руските медиуми јавија дека руска делегација пристигнала во Белорусија на разговори со украинската страна.
„Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Слично
