Зеленски подготвен да попушти пред Путин: Ќе размислиме за неутрален статус
Приоритет на Украина во украинско-руските преговори, што ќе се одржат во Турција, ќе бидат „суверенитетот и територијалниот интегритет“, изјави претседателот на таа земја, Володимир Зеленски.
„Ние сакаме мир, навистина, без одлагање. Постои шанса и потреба за средба лице в лице во Турција. Тоа не е лошо. Ќе го видиме исходот“, рече тој во обраќањето до нацијата.
Тој, исто така, им рече на независните руски новинари дека владата на неговата земја ќе размисли да прогласи неутралност и да понуди безбедносни гаранции за Русија, што би значело Украина без нуклеарно оружје.
Во Турција денеска ќе започне нова рунда преговори меѓу руската и украинската делегација, изјави еден од украинските преговарачи Дејвид Арахами. Преговорите ќе траат до среда.
Лице в лице средба на двете делегации веќе се одржа на 10 март во Анталија, Турција, меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Димитар Кулебe. Сепак, средбата не доведе до конкретен напредок.
