Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски откри што бара Путин од Украина за мир

Зеленски откри што бара Путин од Украина за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака договорот за прекин на огнот да вклучува повлекување на Украина од 30-те проценти од територијата на регионот Донецк што сега ја контролира.

Зеленски повтори дека Украина нема да се повлече од териториите што ги контролира бидејќи тоа е неуставно и би послужило само како појдовна точка за идна руска инвазија.

Тој рече дека Путин ги сака преостанатите 9.000 квадратни километри од Донецк, сега под контрола на Киев. Рускиот став му го пренеле американски претставници. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести