Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски откри колку војници загубила Украина од почетокот на војната

Зеленски откри колку војници загубила Украина од почетокот на војната

Украинскот претседател Володимир Зеленски објави дека 55.000 украински војници загинале од почетокот на војната со Русија пред скоро четири години. Во интервју со телевизијата „Франс 2“, Зеленски кажа дека голем број луѓе се водат како исчезнати.

„Во Украина, официјален број на војници убиени на бојното поле, и професионалци и регрутирани, е 55.000. Во исто време, голем број луѓе се регистрирани како исчезнати“, рече Зеленски.

Пред шест месеци, украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 70.000 луѓе се водат како исчезнати, што вклучува и војници и цивили.

Во Абу Даби денеска заврши втората трилатерална средба САД-Русија-Украина и засега е објавено само дека била договорена размена на 314 воени заробеници.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари во 2022 година со барање за денацификација, демилитаризација на Украина и независност на Доњецк и Луганск. Потоа кажаа дека целта им е ослободување на Донбас. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести