Зеленски откри колкави загуби ќе има Русија од новите санкции
Новите санкции ќе ја чинат Русија 50 милијарди долари годишно. Ова го тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештајот на шефот на украинската Служба за надворешно разузнавање, Олег Ивашченко, пренесува Укринформ.
„Имаме прелиминарни детални разузнавачки проценки за влијанието на новите санкции на нашите партнери врз руската воена машинерија. Има многу информации. Врз основа на ова, ја прилагодуваме нашата комуникација со нашите партнери додека се подготвуваме за нови санкции. Санкциите против нафтените компании веќе предизвикуваат значителни загуби за Русија. Предвидуваме дека, доколку продолжи принципиелниот и постојан притисок врз Москва, нивните загуби ќе изнесуваат најмалку 50 милијарди долари годишно само од неодамна воведените мерки“, рече Зеленски.
Швајцарија се приклучува кон новите санкции на Европската Унија(ЕУ) кон Русија и Белорусија.
Руската инвазија на Украина почна на 34 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
