Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски откри колкава плата ќе земаат војниците на првата линија на фронтот

Зеленски откри колкава плата ќе земаат војниците на првата линија на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави зголемување на платите на војниците и отворање на повеќе можности за регрутирање странски доброволци.

Зеленски порача дека владата ќе преземе конкретни чекори за финансиско зајакнување на одбраната и продолжување на реформите во вооружените сили. 

„Се договоривме како финансиски да ја зајакнеме нашата одбрана и да продолжиме со трансформацијата на украинската армија“, изјави Зеленски во своето дневно обраќање, додавајќи дека првите зголемени исплати би можеле да почнат уште во јуни.

Украина обезбеди заем од 90 милијарди евра од Европската Унија, што ќе ѝ овозможи оваа година да ги зголеми трошоците за одбрана на рекордни 4,4 билиони гривни, односно околу 82,5 милијарди евра.

Според најавите, основната плата на војниците ќе биде зголемена за една третина и ќе изнесува 30.000 гривни, односно околу 600 евра. Војниците на првата борбена линија ќе добиваат просечна месечна плата од 300.000 гривни или околу 6.000 евра, што е значително повеќе од досегашните примања.

Покрај тоа, ќе бидат воведени и нови договори на определено време за борбени задачи, со времетраење од 10, 14 или 24 месеци.

Киев планира и да го зголеми бројот на странски доброволци во своите редови. Зеленски соопшти дека дал насоки да се отворат повеќе канали за регрутација на странски државјани заинтересирани да се приклучат на украинската армија.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести