Зеленски откри кој ќе биде следниот потег на Путин со кој ќе избегне трошење на големи суми пари
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателските избори во Русија претставуваат важна пресвртница по која рускиот претседател Владимир Путин би можел да донесе одлуки за дополнителна ескалација на војната. Една од најсигурните можности, како што рече Зеленски е проширување на мобилизацијата.
„Тоа е еден од најочигледните потези, но ангажирањето војник по договор чини многу пари. Тој нема да може значително да го зголеми бројот на војници по договор бидејќи тоа бара големи финансиски средства. Затоа би можел да се одлучи за поширока мобилизација, што не бара толку скапи договори“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека Украина ги проценува сите ризици и мора однапред да се подготви за евентуални одлуки на Кремљ. Војната меѓу Русија и Украина трае 4 и пол години.
