Зеленски откри каква е состојбата на бојното поле
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот е најдобра за неговата земја во последните 10 месеци, додавајќи дека украинските сили успешно ја одбиле руската офанзива минатиот месец.
„Офанзивата што ја планираа за март беше спречена од дејствијата на нашите вооружени сили. Затоа Русите сега едноставно ќе ги интензивираат своите офанзивни операции“, соопшти Зеленски, преку денешното соопштение од неговиот кабинет.
Вели дека линијата на фронтот се држи. Украинскиот лидер рече дека ги поканил американските преговарачи да го посетат Киев за време на виртуелен состанок претходно оваа недела и дека слушнал „позитивни сигнали“ како одговор на неговиот предлог.
„Ја поканив американската делегација задолжена за преговорите во Киев. Делегацијата ќе направи сè што е во нејзина моќ да дојде во Киев во сегашните околности, за време на војната со Иран“, рече украинскиот претседател.
Војната почна пред повеќе од 4 години.