Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски откри дали ќе продолжи со работа нафтоводот „Дружба“

Зеленски откри дали ќе продолжи со работа нафтоводот „Дружба“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нафтоводот „Дружба“, преку кој руската нафта се доставува во Европа, е подготвен да продолжи со работа. Киев сега очекува деблокада на пакет помош од 90 милијарди евра.

„Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот Дружба кој беше оштетен во руски напад. Нафтоводот може да продолжи со работа“, напиша Зеленски на X. 

Дискутиравме за нашите приоритети во енергетската соработка со партнерите. 

Зеленски додаде дека Украина, чиј воен буџет во голема мера зависи од странско финансирање, очекува исплата на средствата како што е договорено, по поправката на нафтоводот „Дружба“. 

Унгарија и Словачка најмногу се бунеа. Русија и Украина се во војна повеќе од 4 години. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести