Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ОСТРО ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА КУПУВААТ РУСКА НАФТА: Заработуваат пари од крвта на други луѓе

ЗЕЛЕНСКИ ОСТРО ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА КУПУВААТ РУСКА НАФТА: Заработуваат пари од крвта на други луѓе

Украинскиот претседател рече дека „злосторствата извршени од руските сили во Мариупол, предградијата на Киев, Буча и Бородјанка дополнително ја намалија можноста за продолжување на мировните преговори со Русите.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги обвини европските земји кои продолжуваат да купуваат нафта од Русија дека заработуваат од туѓа крв.

Во интервјуто тој ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека ги блокираат напорите за создавање ембарго за продажба на руската енергија, од која Москва заработува 326 милијарди долари годишно.

Фрустрацијата постепено расте меѓу украинското раководство бидејќи Берлин поддржа некои санкции против Русија, но досега се спротивстави на поддршката за построги санкции за продажба на енергија.

- Некои од нашите пријатели и партнери разбираат дека сега е друго време, дека веќе не се работи за работа и пари, ова е прашање на опстанок - рече Зеленски.

Тој уште еднаш повика на помош за Украина во вид на оружје, велејќи дека тоа што го добиваат не доаѓа брзо и дека затоа им е тешко да го одбијат рускиот напад.

-САД, Велика Британија и некои други земји се обидуваат да помогнат и помагаат, но помошта ни треба многу порано и побрзо. Клучниот збор е сега – вели тој во едно интервју.

Во последните денови руските трупи се повлекоа од главниот град на Украина Киев и другите централни и северни делови на земјата, па многумина се сомневаат дека Москва се откажала од обидот насилно да ја заземе соседната земја.

Страв од нови конфликти во источна Украина

Сепак, сега се стравува од можен долг и крвав конфликт на истокот и југот на земјата, бидејќи Путин ја пренасочува својата војска во обид да заземе територија. Меѓу градовите во кои сѐ уште се водат жестоки битки е и Мариупол, кој беше уништен поради неколкунеделните борби во овој пристанишен град.

Зеленски за Би-Би-Си изјави дека мисли дека во овој град можеби се убиени десетици илјади луѓе.

-Имаме информации дека покрај големиот број убиени има и голем број исчезнати. Знаеме дека документите им биле разменети, им биле дадени руски пасоши и однесени во Русија, некои во кампови, некои во други градови, никој не знае што се случи со тие луѓе, никој не знае колку се убиени - рече Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека „злосторствата извршени од руските сили во Мариупол, предградијата на Киев, Буча и Бородјанка, дополнително ја стеснуваат можноста за продолжување на мировните преговори со Русите“.

- Не се работи за мене, туку за Русија. Нема да имаат многу шанса да разговараат со нас. Целиот спектар на емоции го доживеав кога го посетив Буча минатата недела, но денот го завршив само со омраза кон руската армија – рече Зеленски.

Тој потоа уште еднаш ја искористи можноста да го обвини Путин и остатокот од руската армија, нарекувајќи ги воени злосторници. Тој напомена и дека ситуацијата на истокот од земјата сега е најтешка за украинската армија, но дека во тој дел се концентрирани нивните најмоќни единици.

-Можат да не уништат, но ние ќе одговориме, тие можат да убијат, но и тие ќе умрат. Не можам да разберам зошто дојдоа на наша територија – рече тој.


Слично

Поврзани вести