ЗЕЛЕНСКИ ОДИ ВО ИСТАНБУЛ НА ПРЕГОВОРИ: Kaжа што ќе се случи ако Русите не дојдат
Ако Путин не е подготвен да дојде во Анкара, јас и Ердоган сме подготвени да летаме за Истанбул, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој вели дека никој освен него не може да преговара со рускиот претседател Владимир Путин.
„Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку. Путин се плаши од директни преговори со мене. Ако Путин не дојде и продолжи да игра, тоа ќе биде последниот доказ дека не сака да ја прекине војната“, кажа Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека доколку преговорите пропаднат, очекува „остри санкции“ од САД и ЕУ, бидејќи тоа ќе покаже дека Русија не е подготвена за дипломатија.
Украинскиот претседател рече дека го поканил и американскиот претседател Доналд Трамп на средба со Владимир Путин во Истанбул, но американскиот претседател се уште не потврдил дали ќе присуствува.
Зеленски в четврток во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а доколку дојде Путин, тој е подготвен да отпатува во Истанбул на директни мировни преговори.
Кремљ не откри кој ќе ја претставува Русија на овие потенцијални преговори. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на тоа прашање.
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас вели дека Путин не би се осмелил да се сретне со Зеленски. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.